ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА SPEAK UP
Можеш да ги користиш сите услуги на SPEAK UP во период од 12 месеци од моментот на активирањето. Откако ќе го искористиш кредитот на твојата картичка, сe уште ќе можеш да примаш повици и кратки пораки (SMS) до истекот на периодот од 12 месеци.
На почетокот, во текот и на крајот на повикот посебни звучни сигнали ќе те информираат за преостанатото време, доколку кредитот на твојата сметка е при крај. Поконкретно, пред реализирањето на повикот ќе бидеш информиран дека времето што го имаш на располагање изнесува 2 минути или помалку.
Во текот на разговорот добиваш звучен сигнал дека времето што ти преостанува изнесува помалку од 1 минута. Овој звучен сигнал се повторува кога имаш уште 15 секунди време за разговор. На крајот од повикот гласовна порака те информира за состојбата на твојата сметка*. Дополнително добиваш кратка порака (SMS) во случај кога износот на твојот кредит е под 100 денари.
*Оваа услуга се активира секогаш кога ти повикуваш некого и твојот соговорник прв ќе го заврши разговорот, доколку линијата на корисникот кој го повикуваш е зафатена или корисникот го одбива повикот.
Со секое дополнување на сметката со картичка за дополнување - ваучер, времетраењето на конекцијата се продолжува за 365 дена.
Времетраењето на конекцијата на при-пејд сметката која се дополнува со COSMOCREDIT се продолжува во зависност од износот на додадениот кредит.
| ДОПОЛНЕТ ИЗНОС НА SPEAK UP СМЕТКА | ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА КОНЕКЦИЈА |
|---|---|
| COSMOCREDIT износ помал од 300 денари | Без промена |
| COSMOCREDIT износ помеѓу 300 и 500 денари | Конекцијата се продолжува за 90 дена |
| COSMOCREDIT износ поголем од 500 денари | Конекцијата се продолжува за 365 дена |
| Ваучери од 500 и 1000 денари | Конекцијата се продолжува за 365 дена |
ВНИМАНИЕ!
Ако поминат 12 месеци без да ја дополниш сметката го губиш неискористениот кредит и не можеш да повикуваш и да примаш повици. Сепак, COSMOFON ти дава можност по истекот на тие 12 месеци, во рок од 1 месец (30 дена) да ја дополниш сметката, со што повторно ја активираш SPEAK UP картичката.
Минималниот износ на дополнет кредит треба да изнесува над 300 денари за да може повторно да се активира SPEAK UP картичката. Ако рокот од 13 месеци помине без да ја дополниш сметката, автоматски го губиш твојот број и врската со мрежата на COSMOFON.




















