ТВОЈОТ СВЕТ, ТВОЈОТ ОМИЛЕН БРОЈ

Само 2 денари за 10 минути разговор кон ТВОЈОТ ОМИЛЕН БРОЈ

Новата понуда во Твојот свет на сите при-пејд корисници им нуди единствена можност да го одберат својот омилен број од мрежата на COSMOFON и при секој повик да зборуваат и до 10 минути за само 2 денари. По првите 10 минути, повикот се тарифира по секунда според важечките цени на соодветниот при-пејд тарифен модел.

Понудата важи за сите корисници на при-пејд тарифните модели COSMOCARD и SPEAK UP.

Понудата важи ограничен период. Цената со ДДВ изнесува 2.36 денари.

МЕСЕЧНА ПРЕТПЛАТА

Новата понуда е достапна со месечна претплата од 50 денари. Месечната претплата се одзема од сметката на корисникот при првиот повик кон одбраниот број, а се однесува на период од 31 ден сметано од тој повик.

При првиот повик кон одбраниот број по истекот на периодот покриен со месечна претплата, од корисникот повторно ќе биде побарана потврда за користење на услугата.

Месечната претплата со ДДВ изнесува 59 денари.

АКТИВИРАЊЕ НА ТВОЈОТ ОМИЛЕН БРОЈ

Активирањето на понудата се врши:

  • со повикување на бесплатниот број 14 1221,
  • во продажните места на COSMOFON или
  • преку Центарот за грижа за корисници на бројот 124.

При-пејд корисниците истовремено можат да користат една од понудите во Твојот Свет - опцијата ТВОЈОТ ОМИЛЕН БРОЈ (група со еден додаден број), или пак опцијата ТВОИТЕ 3 ОМИЛЕНИ БРОЕВИ (група со 3 додадени броеви).

ПРОМЕНА НА БРОЈ

Во еден календарски месец корисникот има право на една бесплатна промена на додадениот број. Сите следни промени на број во истиот календарски месец се наплаќаат. По првата, бесплатна промена на бројот, корисникот добива SMS порака со која се известува дека следните промени на број во тој календарски месец ќе бидат наплатени.

ЦЕНА НА ПОВИЦИ КОН ТВОЈОТ ОМИЛЕН БРОЈ

  • 2 денари за првите 10 минути од повикот
  • По првите 10 минути, повикот се тарифира по секунда според важечките цени на соодветниот тарифен модел.
ФункцииЦени (денари)
Месечна претплата 50 ден
Додавање на број Бесплатно
Отстранување број Бесплатно
Промена на број (прва промена во календарски месец) Бесплатно
Промена на број (следни промени во календарскиот месец) 100
Повици кон Центарот за грижа за корисници (124) 2 ден/повик
Повици кон говорен автомат (1221 или 141 221) Бесплатно

*Во износите не е вклучен ДДВ.

При активирање на новата понуда ТВОЈОТ ОМИЛЕН БРОЈ, како и при додавање, промена или остстанување на број во некое од продажните места на COSMOFON или преку Центарот за грижа за корисници, корисникот треба да го знае својот личен кориснички код (user code) кој се наоѓа на обвивката на SIM картичката.

* За цени со ДДВ кликни овде