

ТВОЈОТ СВЕТ, ТВОИТЕ 3 ОМИЛЕНИ БРОЕВИ
“Твојот Свет” е услуга која на сите при-пејд корисници на COSMOFON им овозможува да одберат до 3 броеви кои најчесто ги повикуваат и да зборуваат со своите најблиски по намалени тарифи.
ТАРИФИ ВО ТВОЈОТ СВЕТ
| ТАРИФА | ПЕРИОД | ден/мин |
|---|---|---|
| За повици кон ТВОИТЕ ОМИЛЕНИ БРОЕВИ | во текот на целиот ден | 5 |
| ПРОМОТИВНА ВИКЕНД ТАРИФА | ПЕРИОД | ден/мин |
|---|---|---|
| За повици кон ТВОИТЕ ОМИЛЕНИ БРОЕВИ | петок 24:00 – недела 24:00 | 1 |
*Интервал на тарифирање 1 минута
**Промотивната викенд тарифа важи ограничен период
БРОЕВИ КОИ МОЖАТ ДА БИДАТ ДЕЛ ОД ТВОЈОТ СВЕТ
- сите броеви да бидат од мрежата на COSMOFON, или
- два броја да бидат од мрежата на COSMOFON и еден број од фиксната мрежа
КАКО ДА ГИ ДОДАВАШ ТВОИТЕ ОМИЛЕНИ БРОЕВИ
За да ги додадеш твоите омилени броеви јави се на бесплатниот број 1221. Oд главното мени одбери ја опцијата 4 - “групи на броеви” и следејќи ги инструкциите на говорниот автомат додади ги броевите со кои сакаш да разговараш по намалена тарифa. При додавање на одбраните броеви, внеси го и кодот на мрежата (075ххх ххх, 02ххх хх хх, итн).
За секој од одбраните броеви треба да доделиш едноцифрен краток код - од 0 до 9. Откако ќе го внесеш бројот на корисникот, внеси го и краткиот код доделен на тој број.
Додавањето на броевите е возможно и со повикување на Центарот за грижа за корисници на бројот 124 од твојот мобилен телефон.
Додавањето и отстранувањето на броеви е бесплатно.
КАКО ДА ГИ МЕНУВАШ ТВОИТЕ ОМИЛЕНИ БРОЕВИ
За да ги менуваш одбраните броеви треба да се јавиш на бесплатниот број 1221. Во главното мени одбери ја опцијата 4 и следи ги инструкциите за промена на број наведени во менито.
Во текот на еден каледарски месец бесплатно можеш да промениш еден од одбраните броеви.
Секое наредно менување на број во календарскиот месец се наплаќа 50 денари (во цената не е вклучен ДДВ)




















