РОАМИНГ
Со SPEAK UP добиваш роаминг-автоматски, а тоа значи без никаква процедура, без оглед дали си нов или постоечки сопственик на картичка.
Со роаминг ќе можеш:
- да правиш повици - повикувањето од странство е директно, без внесување на какви било дополнителни кодови (CAMEL роаминг). За да направиш повик внеси “+”, кодот на државата кон која повикуваш и телефонскиот број кој го бираш (на пример за повик кон мрежата на COSMOFON внеси: +389 75 ХХХХХХ)
* Информирај се во Центарот за грижа за корисници на 124 или на www.cosmofon.com.mk за земјите и операторите во кои можеш да користиш CAMEL роаминг - да примаш повици
- да праќаш и да примаш кратки пораки (SMS)
- да ја дополниш твојата сметка, со повикување на бројот 1221 од твојот мобилен телефон или бројот + 389 75 12 1221 од кој било друг телефон, при што треба да го внесеш дванаесетцифрениот код на картичката за дополнување на сметката-ваучер
- да се информираш за состојбата на твојата сметка, со повикување на еден од следните броеви:
- 1221 од твојот мобилен телефон
- 124 од твојот мобилен телефон, или + 389 75 120 124 од кој било друг телефон, при што ќе го кажеш твојот личен код на претставникот на Центарот за грижа за корисници.




























