ИДЕНТИФИКАЦИЈА НА ПОВИКУВАЧКИ БРОЈ (CLIP)

SPEAK UP ти нуди бесплатна идентификација на повикувачкиот број (CLIP). Телефонскиот број кој те повикува се појавува на екранот на твојот мобилен телефон, така што знаеш кој ти се јавува пред да одговориш.

На ист начин се појавува и твојот број кога се јавуваш на друг мобилен телефон. Меѓутоа, во некои случаи кога корисниците одбираат нивниот број да не биде идентификуван или кога повикуваат од мрежи кои не ја поддржуваат оваа услуга, повикувачкиот број нема да биде идентификуван на твојот екран.