ЗАБРАНА ЗА НЕСАКАНИ ПОВИЦИ

Забраната за несакани повици ти дава можност да ограничиш одреден вид на влезни и излезни повици, т.е. повици кои ги правиш и кои ги примаш.

Имаш три можности за користење на посебната услуга забрана за несакани повици:

  • забрана за сите излезни повици
  • забрана за сите влезни повици
  • забрана за сите излезни меѓународни повици.

Забелешка: Во случај кога твоето говорно сандаче е активирано, не е можна забрана за сите излезни повици.