MMS ПОРАКИ
SPEAK UP ти ја овозможува услугата за мултимедијални пораки - MMS со која што покрај текст, може да праќаш пораки со поинаква содржина - фотографии во боја, звуци, мелодии и видео клипови.
За да ја активираш услугата MMS, јави се во Центарот за грижа за корисници на бројот 124 или испрати SMS порака на истиот број со содржина: MMS.
За да може да се користи оваа услуга, испраќачот и примателот треба да имаат телефони кои поддржуваат MMS и истите да бидат соодветно подесени. Доколку примателот нема телефон кој ја поддржува MMS услугата или телефонот не е подесен, ќе добие SMS порака која го информира дека има добиено MMS порака која може да ја види на посебно дефинирана COSMOFON веб страница. За подесување/прилагодување на твојот мобилен телефон информирај се во Центарот за грижа за корисници на 124, на веб страницата на COSMOFON или во продажните места на COSMOFON.




















