ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРОПУШТЕНИ ПОВИЦИ
Услугата за пропуштени повици ти овозможува да добиеш информација за сите повици што си ги пропуштил додека твојот телефон бил исклучен или си бил недостапен.
Едноставно, кога повторно ќе станеш достапен добиваш бесплатна SMS порака која те известува за сите пропуштени повици.
Услугата е бесплатна и автоматски активирана кај сите корисници, а може да ја користиш без оглед дали ја имаш активирано услугата Говорна пошта.
За повеќе информации јави се во Центарот за грижа за корисници на бројот 124.




























