ГОВОРНА ПОШТА

Услугата Говорна пошта може да ја користиш во случај кога:

  • не одговараш на повик
  • линијата е зафатена или не сакаш да одговориш на повикот
  • твојот телефон е исклучен или е надвор од досегот на мрежата. Во тој случај оној кој те бара автоматски се поврзува со твоето говорно сандаче и ја остава својата порака. На екранот на твојот мобилен телефон ќе се појави знак кој те извести дека имаш порака. Со влегување во твоето говорно сандаче ќе можеш да ја слушнеш пораката

Услугата може да ја активираш доколку се јавиш во Центарот за грижа за корисници на бројот 124 од твојот мобилен телефон. Активирањето на услугата е бесплатно.

Како да ги преслушаш пораките од твојот мобилен телефон:

  • Влези во твоето говорно сандаче:
    > Внеси 123 > «SEND» («ПРАЌАЊЕ»)
  • Ќе ги слушнеш опциите на главното мени
  • Притисни 1 за преслушување на пораките

Откако ќе ја слушнеш пораката (или додека ја слушаш) може да ја избришеш со притискање на бројот 5, да ја вратиш избришаната порака со притискање на бројот 4 или да ја слушнеш следната порака со притискање на бројот 6.

Ако сакаш да ги преслушаш твоите пораки од некој друг телефон:

  • Влези во твојот говорно сандаче:
    > Внеси 075 120 123
    > Притисни «SEND» («ПРAЌАЊЕ») (доколку користиш мобилен телефон)
    > Внеси го бројот на твојот мобилен телефон, вклучувајќи го и кодот на мрежата 075
    > Внеси го влезниот код на твоето говорно сандаче (9999)
  • Ќе ги слушнеш опциите на главното мени
  • Притисни 1 за преслушување на пораките.

Примање пораки додека си во странство

Кога си во странство, твоето говорно сандаче е деактивирано, па тие што сакаат да те контактираат можат да остават порака во твоето говорно сандаче со повикување на бројот 121 (од COSMOFON мобилен телефон) или на +389 75 120 121 од кој било друг телефон. Овие пораки може да ги преслушаш со повикување на бројот на говорното сандаче +389 75 120 123 од кој било друг телефон. Ако сакаш да го користиш говорното сандаче и по враќањето во земјата, мора повторно да го активираш.

Како да ја снимиш твојата лична најава

Откако ќе влезеш во твоето говорно сандаче може да ја снимиш твојата лична најава следејќи ги инструкциите кои се наоѓаат во соодветното мени.