КАКО ДА ЈА ДОПОЛНИШ СМЕТКАТА НА ТВОЈАТА КАРТИЧКА
Твојата сметка можеш да ја дополниш на два начина:
1. Со картичка за дополнување на сметката - ваучер
Постојат 4 вида картички за дополнување на сметката: картички од 100, 250, 500 денари и картичка од 1000 денари со бонус од 100 денари бесплатно време за разговор.
Откако ќе ја купиш картичката, повикај го бројот 1221 бесплатно од твојот мобилен телефон или бројот 075 12 1221 од фиксен телефон. Според инструкциите кои се наоѓаат на задниот дел од картичката, внеси го дванаесетцифрениот код, додавајќи го знакот # на крајот (на пример 111122223333#). На овој начин вредноста на оваа картичка се додава на постојната вредност на сметката, а времето за користење на SPEAK UP се менува.
ВНИМАНИЕ!
Во случај на три последователни погрешни обиди за внесување на дванаесетцифрениот код во рок од 24 часа, го губиш правото на дополнување на твојата сметка во следните 24 часа, но можеш да дополниш од друг телефон или да повикаш 124 за помош.
2. Користејќи ја услугата на електронско дополнување на сметка, COSMOCREDIT
COSMOCREDIT е услуга која ти овозможува сам да го одредиш износот на кредит со кој ќе ја дополниш својата или нечија друга при-пејд сметка.
Едноставно, треба да посетиш некое од продажните места со знакот на COSMOCREDIT, да го кажеш телефонскиот број на сметката што сакаш да ја дополниш и износот на саканиот кредит. Побараниот кредит ќе го добиеш во рок од неколку минути. По добивањето на кредитот ќе бидеш известен со СМС порака за додадената вредност на кредит. Со секое дополнување на сметката во износ од 1000 денари и повеќе, добиваш бесплатно време за разговор во износ од 10% од дополнетата вредност.
Минималниот износ на кредит што може да се дополни е 100 денари.
КАКО ДА ЈА ПРОВЕРИШ СОСТОЈБАТА НА ТВОЈАТА СМЕТКА
Со повикување на бројот 1221 бесплатно од твојот мобилен телефон можеш во секое време да добиеш информации за моменталната состојба на твојата сметка, датумот на истекување на твојата врска со мрежата на COSMOFON, како и цената на твојот последен повик.




















