РЕСТРИКЦИЈА НА ИДЕНТИФИКАЦИЈА НА ПОВИКУВАЧКИ БРОЈ (CLIR)
Доколку не сакаш бројот на твојот мобилен телефон да се појавува на екранот на мобилниот телефон кој го повикуваш, може да се јавиш во Центарот за грижа за корисници на 124, кој ќе те информира за процедурата за активирање на услугата рестрикција на идентификација на повикувачкиот број (CLIR).
Освен тоа, при секое повикување можеш да одбереш дали сакаш твојот број да се прикаже на екранот на корисникот кој го повикуваш.
За неприкажување на твојот број (само во случај кога не е активирана услугата рестрикција на идентификација на повикувачкиот број)
- Внеси #31# и телефонскиот број кој го повикаш
(на пример #31#075123456) - Притисни «SEND» («ПРAЌАЊЕ»)
За прикажување на твојот број (само во случај кога е активирана услугата рестрикција на идентификација на повикувачкиот број)
- Внеси *31# и телефонскиот број кој го повикуваш
(на пример *31#075123456) - Притисни «SEND» («ПРAЌАЊЕ»)




























