КАКО ПРВПАТ ДА ГО АКТИВИРАШ SPEAK UP
Активирањето на твојот мобилен телефон и на SPEAK UP SIM картичката е едноставно.
- Стави ја SPEAK UP SIM картичката во твојот мобилен телефон, според инструкциите на неговиот производител и вклучи го телефонот притискајќи го копчето ON/OFF неколку секунди
- Потоа, внеси го четирицифрениот код PIN 1, кој се наоѓа на задната страна од SPEAK UP SIM картичката и притисни го копчето ОК или #
- Ако батеријата е полна, на екранот на твојот мобилен телефон ќе се појави знак дека се наоѓаш во мрежата на COSMOFON
- На крај, единствено што треба да направиш е да повикаш кој било телефонски број*. Штом ќе го внесеш бројот, ќе слушнеш снимена порака која ти посакува добредојде во при-пејд мобилната телефонија на COSMOFON. Неопходен услов да се комплетира процесот за активирање на SPEAK UP SIM картичката е да ја ислушаш пораката до крај. Веднаш потоа ќе биде повикан бројот кој си го одбрал. Твојата SPEAK UP SIM картичка ќе биде активирана без оглед на тоа дали твојот повик ќе биде успешен или не.
*Се однесува на сите броеви, освен на броевите чие повикување е бесплатно (на пример, бројот за брза помош 194)
По воспоставување на конекцијата, те молиме да го повикаш Центарот за грижа за корисници на бројот 124 од твојот мобилен телефон, и остави ги твоите лични податоци, доколку тоа не си го сторил претходно. Ова во иднина ќе ти го олесни користењето на некои важни услуги.




















