ЗБОРУВАЈ 15 МИНУТИ ПО ЦЕНА ОД 1 МИНУТА

Сите при-пејд корисници на COSMOFON можат да зборуваат до 15 минути при повик по цена од само 1 минута кон сите броеви во мрежата на COSMOFON, без месечна претплата. По истекот на првите 15 минути, остатокот од повикот се тарифира по секунда според важечките цени за соодветниот тарифен модел.

Активирање и деактивирање

Активирање и деактивирање на услугата може да се врши преку:

  • повик кон бесплатниот број 14 1221,
  • испраќање SMS пoрака на бројот 124:
    • за активирање, SMS пoрака со текст: 15 START
    • за деактивирање, SMS пoрака со текст: 15 STOP
  • во продажните места на COSMOFON,
  • повик кон Центарот за грижа за корисници, на бројот 124.

Корисниците имаат право на една активација/деактивација на услугата во тек на еден календарски месец. Доколку корисникот изврши деактивација на услугата во тековниот месец, нема право на повторна активација на услугата во истиот календарски месец.

Услугата не важи:

  • за повици кон избраните броеви во Твојот Свет,
  • користење на услугите со додадена вредност,
  • повици кон Центарот за грижа за корисници,
  • во роаминг.

Цената по минута се пресметува според редовната тарифа во моментот на воспоставување на повикот.

Повиците во траење до 15 минути се наплаќаат по цена од 1 минута.

Понудата важи ограничен период.

Повиците кон останатите мрежи се наплатуваат според редовните цени за соодветниот тарифен модел.